Кога обновливите извори на енергија ќе ја сретнат уметноста: Како креативноста може да ја подигне свеста за енергетската ефикасност кај граѓаните

Europe in transition

Белград, Скопје – 23 април 2024 година

Во Градскиот парк Скопје и на Белградската тврдина Калемегдан, Мрежата за климатска акција на Европа (CAN Europe) започна јавна кампања која се залага за користење на обновливите извори на енергија (ОИЕ) на локално ниво, со отворање на дискусија и подигање на свеста за потребата и можноста за транзиција од енергија базирана на јаглен кон обновливите извори, со истовремено зголемување на енергетската ефикасност за сите.

Во оваа прилика, CAN Europe го претстави интерактивното уметничко дело „Вртеж“  создадено од Александар Ефтимовски, предизвикувајќи интерес кај јавноста за меѓусебната поврзаност помеѓу животната средина, енергетската отпорност и човечката креативност.

Изложбите го нагласуваат заедничкиот потенцијал на Северна Македонија и Србија, како и на поширокиот регион на Западен Балкан, за целосно искористување на обновливите извори на енергија и сеопфатна и праведна транзиција кон ефикасна и издржлив енергетски микс, без јаглен.

 

CAN Europe, преку сеопфатна студија која ги анализира тековните бариери за инсталирање на ОИЕ во Северна Македонија и Србија, истакна дека е постигнат напредок до одредено ниво во однос на поставувањето на институционални и законодавни рамки, кои се насочени кон користењето на обновливите извори на енергија во поголема мера, но предизвиците во нивното целосно искористување сепак опстојуваат.

Целосно изработено од рециклирани материјали, изложеното уметничко дело составено од интерактивна ветерница, има за цел да ја пренесе идејата преку конкретен пример на кој начин обновливата енергија може да се интегрира во нашиот секојдневен живот.

 

Преку силата на ветрот, ветерницата може целосно да наполни до четири различни поврзани мобилни уреди истовремено, покажувајќи ја практичноста и потребата за пристапност на обновливите извори на енергија во нашето секојдневие.

Наспроти неодамнешното ветување за зголемување на ОИЕ проектите во Северна Македонија и во Србија, се уште има потреба од поефикасно управување и директна поддршка за граѓанските просумери (производители и корисници)и, ранливите потрошувачи, енергетските заедници и соработниците за нивно учество во проектите за ОИЕ.

 

Ваквиот пристап ќе биде од суштинско значење за напредокот кон целта за воспоставување 100 процентн базиран енергетски систем на обновлива енергија во двете земји, и ќе обезбеди правична енергетска транзиција соа што во процесот никој нема да изостане.

Previous slide
Next slide

Прочитај повеќе

Погледнете го документарниот филм за изложбата на Мрежата за климатска акција на Европa (CAN Europe) 

RELATED NEWS_